Дали знаете што претставува малиот дел во аголот на окото?

Дали знаете што претставува малиот дел во аголот на окото?

Подготвил: Б.Б.

Кога зборуваме за градбата на окото, сите знаеме за поимите очно јаболко, леќа, рожница, зеница, шареница, белка, очен нерв и мрежница.

Но, дали знаете кој дел од окото, односно очната шуплина, на латински се нарекува plica semilunaris? Станува збор за розевкастиот „влажен“ дел во внатрешниот агол на окото чиешто потекло е многу интересно.

Имено, тој агол е остаток на внатрешен, односно трет капак, што го имаат птиците и рептилите, а коишто го изгубиле луѓето во текот на еволуцијата. Да споменеме и дека човечкото око изгледа слично со фотоапаратите и камерите: проѕирните предни делови на окото ги прекршуваат зраците светлина, проектирајќи намалена и обратна слика на фото-чувствителната мрежница, каде што во нервните станици се претвораат во електрични нервни импулси.

Сетилото за вид ни овозможува да разликуваме бои и да перцепираме длабочина. Човечкото око има видно поле од 200 степени и може да разликува 10 милиони нијанси.