Какво време нѐ очекува за време на празничниот викенд

Какво време нѐ очекува за време на празничниот викенд

Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, освен во недела кога ќе биде претежно стабилно и потопло. Утре, како што информира УХМР, особено во источните делови, на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Утре ќе биде променливо облачно, особено претпладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Температурата ќе се движи од 5 до 22 степена.

И во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне во делови од котлината нестабилно, со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме.

Според УХМР, в сабота ќе дува засилен северен ветер, а температурата ќе достигне 21 степен.

В недела минималната температура ќе се движи од 3 до 9 степени, додека максималната од 18 до 25.

Во понеделник, пак, минималната ќе биде од 4 до 10 степени, додека максималната од 19 до 24 степени.