Започнале кампања за чистење на Хималаите, па се шокирале од она што го пронашле

Започнале кампања за чистење на Хималаите, па се шокирале од она што го пронашле

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Огромни количини ѓубре се оставаат на Хималаите од алпинистите, а еден локален планинар го откри „највалканиот камп“ што некогаш го видел.

Инстаграм-корисникот Тензи Шерпа неодамна сподели видео од кампот на Монт Еверест покриен со шатори, празни боци со кислород, чинии, лажици, хигиенски влошки и хартија. Алпинистот, кој се искачи на Хималаите пред помалку од една недела, вели дека бил тажен секојпат кога бил на експедиција на планинскиот венец.

Тој ги обвинува компаниите што оставаат ѓубре на планина на која тешко се чисти.

Лук Боиснард, планинар кој беше дел од експедицијата што успеала да исчисти 3,7 тони од петтиот највисок врв во светот Макалу, вели дека Хималите се претворени во џиновска депонија за ѓубре.

- Зад секоја карпа може да се најдат боци со кислород, лименки, платна и чевли. Навистина е ужасно - вели тој. Додава дека планинарите фрлале ѓубре во глечерите на Хималаите, каде што повторно ќе се појави за 200 години.

Тој е дел од организацијата „Хамалајан клин-ап“, чија цел е да ги ослободи планините од отпадот и да открие кои се главните загадувачи.

Околу 800 луѓе се обидуваат да го искачат Монт Еверест секоја година.

Извор: Yahoo.news.com
Фото: Freepik