Зошто туристите носат пластична кеса во морето: Виралната „балканска метода“ го освои светот
Ако сте пораснале на Балканот, големи се шансите оваа глетка да сте ја виделе многу пати. Пластична кеса која плови покрај некого додека се капе во морето, закопување на паричникот под пешкирот или клучеви скриени во патиката или влечката. Затоа и не чуди што нешто што овде е речиси секојдневие, сега стана вирален хит во светот.
На „Тик- ток“ деновиве масовно се споделува видео кое прикажува момче како не ги остава своите вредни работи на плажа, туку ги пакува во пластична кеса и ги носи со себе во морето. Видеото го направила неговата девојка, а луѓето во коментарите се чудат. За многу корисници од странство тоа беше генијално и целосно ново откритие. За луѓето од Балканот, нешто што го знаат од мали.
На видеото девојката го покажа потегот на својот партнер, кој не сакал да ги остави работите без надзор на плажа. Затоа ги спакувал сите вредни работи во пластична кеса и ги понел со себе во морето.
Кесата, со импровизирано прицврстување за мал душек, пловела покрај него додека тие се капеле, па работите во секој момент им биле пред очи. Видеото набрзо стана вирално и собра повеќе од милион лајкови, а авторката на снимката на шега напиша дека нејзиниот партнер „премногу размислува за сè“ и дека затоа не може да ги остави работите без надзор.
Многу корисници признаваат дека ситуацијата е многу реална. Секој што барем еднаш бил на плажа знае колку е непријатно да се остават телефонот, паричникот и клучевите без надзор, особено ако сите од групата во исто време се во вода.
Поради тоа, под објавата се разви дискусија за различни стратегии за чување на работите на плажа.
„Балканската метода“ стана хит
Посебно внимание привлече коментарот кој корисниците го нарекоа „балканска метода“. Станува збор за едноставен трик: вредните работи се ставаат во кеса, потоа во песокот се копа мала дупка, сè се закопува и се покрива со пешкир.
Но, дали постои сигурно решение? Експертите за безбедност на плажите велат дека ниедна метода не е целосно сигурна. Советуваат работите да се сведат на минимум и на плажа да се носи само она што е навистина неопходно.
Извор:
Citymagazine.danas.rs
Фото: Magnific