Која е временската зона на половите на Земјата?

Која е временската зона на половите на Земјата?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Јужниот и Северниот Пол се во сите можни часови во секое време, односно им припаѓаат на сите временски зони, гледано технички. Затоа не изненадува фактот дека нема официјална временска зона на ниту еден од половите.

Меѓутоа, групите што работат или ги посетуваат половите сепак треба да следат одредено време. Некои ги синхронизираат часовниците со најблиската точка на која живеат луѓе.


Фото: Pixabay

На пример, американскиот истражувачки центар на Антарктикот ја користи временската зона на Крајстчрч, Нов Зеланд, бидејќи тоа е последната локација низ која поминуваат лицата што доаѓаат во станицата.

Некои бази ги користат временските зони на сопствените држави, а некои го користат координираното универзално време.

Извор: Today I Found Out
Фото: Pixabay