Направена е првата трансплантација на срце помеѓу пациенти со ХИВ

Направена е првата трансплантација на срце помеѓу пациенти со ХИВ

Подготвил: Драгана Петрушевска

Малку работи денес може да се сметаат за чуда, а ова можеби е едно од нив. Доктори од медицинскиот центар „Монтефиоре хелт систем“ во Њујорк успешно ја направиле првата трансплантација на срце помеѓу двајца пациенти кои се позитивни на ХИВ.

Жена во 60-те години го добила срцето заедно со бубрег во операција која траела само четири часа.

Законот со кој луѓе кои живееле со ХИВ можат да ги донираат органите на пациенти кои исто така се позитивни на ХИВ бил донесен во САД во 2013 години, но биле потребни речиси 10 години за оваа можност да стане реалност кога станува збор за трансплантацијата на срце.

- Благодарејќи на значајните медицински напредоци, луѓето кои живеат со ХИВ може да ја контролираат болеста толку добро што сега може да спасат живот на луѓе кои живеат со оваа состојба. Оваа операција е пресвртница во историјата на донација на органи и нуди нова надеж за луѓето кои некогаш немале опции - изјавил докторот Улрих П. Џорд.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay