Земјата го имала најкраткиот ден во историјата годинава

Земјата го имала најкраткиот ден во историјата годинава

Подготвил: Драгана Петрушевска

На 29 јуни годинава, нашата планета поставила нов рекорд за најбрза ротација. Тој ден, ротацијата на планетата траела 1,59 милисекунди помалку од претходните години.

До неодамна, се сметало дека ротациите на Земјата се поспори поради мерењата со атомски часовник од 1973 година. Затоа повремено биле додавани секунди во сметањето на времето, а последната ваква промена била направена во 2016 година. Меѓутоа, атомските часовници неодамна покажале дека ротирањето на Земјата се забрзува. Впрочем, можеби е започната фаза на пократки денови која ќе трае 50 години.


Фото: Pixabay

Научниците велат дека во 2020 година биле забележани 28-те најкратки денови од 1960 години. На 29 јуни годинава, планетата ја имала својата најбрза ротација во историјата, а на 26 јули бил забележан ден кој траел 1,50 милисекунди пократко од вообичаено.

Зошто ротацијата на Земјата забрзува?

Точната причина за разликите во ротирањето на Земјата не е позната, но постојат повеќе теории. Едната нуди објаснување дека тоа е поради помалата тежина на мразот на половите поради топењето на глечерите, додека некои експерти сметаат дека стопеното јадро на Земјата се движи со текот на времето. Постои теорја и дека ротацијата се разликува поради сеизмичката активност.

Кои се последиците?

Разликите во ротацијата немаат големи промени врз луѓето, но пред сè, сателитите за ГПС би можеле да станат бескорисни. Ова би можело да има последици и на работата на телефоните, компјутерите и комуникациските системи.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay