Драмскиот аматерски фестивал во Кочани најави 15 настани за септември и октомври

Драмскиот аматерски фестивал во Кочани најави 15 настани за септември и октомври

Венко Андоновски – автор на „Големиот школски час“ во Србија

Венко Андоновски е автор на драмскиот текст „Изрешетени души“, според кој годинава ќе се изведе традиционалниот сценско-театарски спектакл „Големиот школски час“ во Србија. Станува збор за државна манифестација посветена на стреланите 3500 работници и ученици во Крагуевац на 21 октомври 1941 година. Драмскиот текст ќе биде печатен на српски јазик, како дел од повеќетомната едиција „Голем школски час“, заедно со другите автори кои пишувале на оваа тема.
За „Големиот школски час“, последниве 50 години сценарио пишувале, меѓу другото и: Душан Радовиќ, Десанка Максимовиќ, Милован Витезовиќ, Љубивое Ршумовиќ, Мира Алечковиќ, Бранко В. Радичевиќ, Драган Данилов, Видосав Стевановиќ, Оскар Давичо, Јуре Каштелан, Јеврем Брковиќ, Ричард Бернс од Англија, Андреј Базилевски од Русија, Ана Сантоликуидо од Италија...
Режијата на спектаклот ѝ е доверена на младата но веќе истакната режисерка Јана Маричиќ, а улогите ги толкуваат еминентни српски актери. Театарскиот спектакл, како и секоја година, ќе оди со директен пренос на Српската телевизија, на 21 октомври, кој е прогласен за државен празник. 
На тој ден, на Големиот школски час, во паркот Шумарице, каде е извршено стрелањето, присуствуваат повеќе илјади луѓе и државниот врв на Србија.
57. издание на фестивалот ќе почне на 7 септември - Денот на ослободувањето на Кочани

Драмскиот аматерски фестивал во Кочани го најавува 57. издание на фестивалот, кој ќе почне на 7 септември. Годинава ДАФ наместо во традиционалниот термин - последната недела од мај, ќе организира повеќе викенд-изведби, во септември и во првиот викенд од октомври.


И покрај тешките услови за работа на театарските групи во услови на пандемија, на репертоарот оваа година се пријавија доволен број театарски групи за одржување на фестивалот, така што ќе имаме 15 настани, од кои 11 се театарски претстави, а останатите 4 се настани во придружна програма.


Фестивалот ќе се одржи на отворено, на споменикот на слободата над градот Кочани и на повеќе локации во градскиот парк и трговскиот центар. 

Фестивалот ќе биде отворен на 7 септември, Денот на ослободувањето на Кочани. На првата фестивалска вечер ќе гостува Театарската работилница од Прилеп. На фестивалот ќе има две премиери, едната на „Интимен театар“ - Битола и едната на Центарот за култура „Бели мугри“ од Кочани, а како гости ги очекуваме театарските групи од Домот на културата од Виница, Градскиот театар „Сцена 71“ од Свети Николе, Театарската работилница од Прилеп, Драмско студио „Спотлајт“ – Штип, Средното медицинско училиште од Прилеп, а ќе гостува и „Дах театар“ од Србија.





Репертоарот може да го погледнете на следниот ЛИНК.