Врз основа на Програмата за активностите во областа на спортот и младите во
град Скопје за 2018 година (Службен Гласник на Град Скопје бр. 01/18 од 01
февруари 2018 година), градоначалникот на Град Скопје го објавува следниот:
ЈАВЕН ПОВИК
за распоредување на буџетски средства за финансирање на програми и
проекти за младите од интерес на Град Скопје за 2018 година
За остварување на јавните интереси на младите, Град Скопје распишува Јавен
повик за финансирање на програми и проекти за младите од интерес за Град
Скопје за 2018 година.
Активностите, програмите и манифестациите за младите и финансиските
средства за нивна реализација, Град Скопје ги утврдува со годишна програма
со што го одразува својот интерес и потреби во оваа сфера.
Програмите и проектите, манифестациите и активностите треба да обезбедат
развој, стимулирање и презентација на општествени вредности за младите и
достигнувања за подобрување на животот на младите на ниво на град Скопје.
Средствата за финансирање на програмите и проектите ќе се обезбедат од
Буџетот на Град Скопје за 2018 година.
Во согласност со законската регулатива и критериумите за утврдување на
програмата за спорт и млади и за обезбедувањето средства за нивна
реализација, Град Скопје со Програмата за активностите во областа за
младите во град Скопје за 2018 година, од Програмата, ќе поддржува:
- Потикнување на младите активно да учествуваат во општествените
текови низ афирмација и поддршка на младинските активности,
младинската работа и неформално образование на територија на градот
Скопје.
- Поттикнување на сојузи, здруженија и други облици на здружување да
учествуваат во креирање и спроведување на младинската политика,
вкклучително во зајакнување на капацитетот на здруженијата за млади
на територија на град Скопје.
- Обезбедување услови за учеството на младите во изготвување и
спроведување локален акционен план за млади на подрачјето на град
Скопје.
- Обезбедување услови за активно и квалитетно искористување на
слободното време на младите.
- Поттикнување на младите за учество во спортско-рекреативни
активности,
- Поттикнување на негување на здрави животни навики.
- Поттикнување на волонтерски активности кај младите, како и нивно
организирање на семинари и едукации.
- Поттикнување активности од областа на културата и уметноста.
- Поддршка за издавачка дејност на младите на подрачјето на Град
Скопје.
- Поддршка на активности и проекти за заштита на животна средина и
просторно уредување
Апликациите за добивање на средства од јавниот повик за млади ги разгледува
комисија формирана од Градоначалникот на Град Скопје.
Средствата се доделуваат од Буџетот на Град Скопје од Програмата за
активностите во областа на спортот и младите во градот Скопје во износ од
1.000.000.00 денари.
Рок за реализација на проектот:
Проектот со кој се конкурира и кој ке биде избран, треба да е краткорочен, т.е
целокупниот проект или последната негова фаза да заврши најдоцна до
15.12.2018 година.
I
Предложените програми и проекти, програмски активности и манифестации,
покрај образложението мора да содржат и предлог финансиска конструкција во
која ќе бидат наведени средствата што се бараат од Буџетот на Град Скопје,
како и средствата обезбедени од други извори
II
Покрај наведените области, поднесените пријави треба да ги задоволуваат
критериумите што се дадени во прилог на јавниот повик што е објавен на
официјалната веб страница на Град Скопје www.skopje.gov.mk
III
Во постапката за распоредување на буџетските средства од програмата за
активностите во областа на спортот и младите во Град Скопје за 2018 година,
ќе бидат прифатени оние програми и проекти, програмски активности и
манифестации коишто врз основа на критериумите ќе обезбедат најмалку 60
бодови.
IV
На Јавниот повик право да учествуваат имаат: здруженија на граѓани,
фондации и други правни и физички лица, на кои седиштето им е на подрачјето
на Град Скопје, односно физичките лица да се жители на Скопје и на возраст
од 16 до 25 години.
Пријавувањето на Јавниот повик се врши со доставување на пополнета пријава
(апликација). Апликантите, покрај пријавата задолжително треба да ги достават
и следните документи:
Здруженија на граѓани, невладини организации,фондации и други
правни лица да достават:
1. Решение за упис во регистарот.
2. Тековна состојба за регистрирана дејност не постара од шест месеци,
издадена од Централен регистар на Република Македонија.
3. Потврда за отворена и активна жиро сметка со банката.
4. Пополнета апликација.
Физички лица
1. Кратка биографија и СV на апликантот.
2. Копија од трансакциска сметка.
3. Копија од лична карта.
4. Пополнета апликација.
V
Потребните податоци како и предлог програмите и проектите, програмските
активности и манифестации, со финансиската конструкција треба да се
достават на посебна пријава што може да се подигне во архивата на Градот
Скопје (барака 16) или да се преземе од официјалната веб страница на Град
Скопје www.skopje.gov.mk
Јавниот повик трае вкупно 15 денoви, од денот на објавувањето во
средствата за јавно информирање,и официјалниот веб портал на Град Скопје
www.skopje.gov.mk
Јавниот повик се објавува на 02.10.2018 година и трае до 16.10.2018 година.
Пријавите треба да се достават до Град Скопје, преку пошта на адреса: Бул.
„Илинден“ бр.82, 1000 Скопје, или во Архивата на Градот Скопје (барака 16),
најдоцна до 16.10.2018 година до 19:00 часот на последниот ден од
завршувањето на Јавниот повик, со назнака: за “Јавен повик за
распоредување буџетски средства за финансирање на програми и
проекти за млади од интерес на Град Скопје за 2018 година“.
Пријавите се доставуваат во затворен и запечатен коверт, без означување на
субјектот или физичкото лице кој ја поднесува пријавата.
Неуредните пријави што не се доставени на начин како што се бара во
горенаведниот текст, односно содржат нецелосни податоци и некомплетна
документација, како и тие што нема да бидат доставени во наведениот рок,
нема да се разгледуваат.
Дополнителни информации може да се добијат на телефон
02/ 3297-238 и 3297-320.
ГРАД СКОПJE
Апликациите за добивање средства од јавниот повик за млади ги разгледува
комисија формирана од Градоначалникот на Град Скопје која ќе ја изготви ранг
- листата врз основа на следниве критериуми:
1. Креативност и иновативност во идеите во предвидениот проект, како и
нивна адаптибилност во просторот.........................................0 – 30 бодови.
2. Оправданост на предлог буџетот и рационализирање на трошоците во
смисла на економска оправданост на предлог буџетот во однос на
целите и проектните активности, како и реална проценка на
предложените трошоци за спроведување на проектите со целите кои се
постигнуваат со самиот проект................................................0 – 20 бодови.
3. Одржливи резултати и ефекти од проектот , како и очекувани промени кај
младите по завршување на проектот............................... 0 – 20 бодови.
4. Капацитет на носителот на проектот, односно искуство во водење и
реализација на претходни слични проекти.............................0 – 20 бодови.
5. Отвореност и достапност на активностите за што поголем број на млади
во предвидениот проект...........................................................0 – 10 бодови