ТЕД-говори за ментално здравје што ќе ви помогнат да го пребродите периодов

ТЕД-говори за ментално здравје што ќе ви помогнат да го пребродите периодов

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Веќе половина година се соочуваме со пандемија, а Ковид-19 не е единствената закана за нашето здравје и благосостојба. Неодамнешни статистички податоци од американскиот Центар за контрола на болести покажуваат дека депресијата, анксиозноста и други проблеми со менталното здравје се во пораст кај Американците.

Според експертите, постои начин на кој може да се намали овој проблем и да се работи на подобрување на своето ментално здравје и на најблиските. Следниве ТЕД-говори се токму за тоа.

Софи Ендрус - „Честопати најдобриот начин да помогнете е слушањето“

Ендрус зборува за едноставниот чин на слушање како најдобар начин да му помогнете на оној што има тешкотии периодов. Ова треба да го слушнат многу работодавци и пријатели.


Венди Сузуки - „Придобивките за мозокот од вежбањето“

Ви треба поттик за да се чувствувате среќни? Наједноставниот начин на кој може да го добиете е да вежбате, објаснува неврологот Венди Сузуки во говорот.


Сангу Деле - „Нема срам во грижата за менталното здравје“

Во овој говор претприемачот и активист Сангу Деле ја раскажува личната приказна за да им помогне на другите да ги надминат предрасудите за менталното здравје.


Прија Паркер - „Како да создадете значајни врски додека сте оддалечени“

Оваа дискусија е наменета за оние што имаат тешкотии за време на изолацијата од најблиските. Писателката Прија Паркер објаснува како да останете поврзани и покрај далечината.


Рене Лерцман - „Како да ја претворите грижата за климатските промени во акција“

За жал, вирусот не е единствена причина за појава на анксиозност кај луѓето. Тука се и климатските промени. Во овој говор психологот Рене Лерцман објаснува како да ја претворите целата анксиозност во акција.


Рајан Мартин - „Зошто се лутиме и зошто тоа е здраво“

Можеби вашата реакција на пандемијата е лутина. Тоа е во ред, објаснува истражувачот Рајан Мартин.


Гај Винч - „Зошто сите треба се грижиме за нашите емоции“

Доколку се чувствувате физички лошо, одите на лекар. Тогаш зошто не барате помош кога се чувствувате емоционално лошо? Ова прашање го поставува психологот Гај Винч во говорот што има над 10 милиони прегледи.


Сузан Дејвид - „Подарокот и моќта на емоционалната храброст“

Соочувањето со силни емоции на продуктивен начин е вештина што може да се научи, а психологот Сузан Дејвид е експерт за тоа.


Шантел Мартин - „Како цртањето може да ве ослободи“

Вежбањето е еден одличен начин за подобрување на расположението. Уметноста е друг, дури и доколку не ве бидува за цртање, објаснува Шантел Мартин во говорот.


Хејли Хардкасл - „Зошто учениците треба да имаат денови за ментално здравје“

Доколку сте загрижени за вашите деца, овој говор од Хејли Хардкасл е за вас. Таа објаснува зошто училиштата треба да организираат денови за ментално здравје.


Автор: Џесика Стилман
Извор: inc.com
Фото: Pixabay