Земјите што водат во бројот на индустриски роботи наспроти работници

Земјите што водат во бројот на индустриски роботи наспроти работници

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Подемот на машините веќе е реалност. Податоци од Меѓународната федерација за роботика откриваат дека индустриската автоматизација се забрзува во поголемиот дел од развиениот свет. Во 2016 година на глобално ниво биле инсталирани 74 индустриски роботи на секои 10.000 работници. Бројот се зголемил на 113 во секторот производство до 2020.

Во Азија сега има 118 роботи на 10.000 работници. Во Европа бројот изнесува 114, а во Јужна Америка и Северна Америка - 103.


Фото: Pixabay

Јужна Кореја има најмногу роботи во однос на бројот на работниците. Во 2019 г. во Јужна Кореја имало 855 индустриски роботи на секои 10.000 работници. За порастот се најзаслужни компаниите во секторите електроника и електрика.

Во Германија и во Јапонија има 350 роботи на секои 10.000 работници. Во САД има 228 роботи на секои 10.000 работници, а во Кина има 187 роботи на истиот број работници. На листата со 10 земји со најмногу роботи во однос на бројот на работници се наоѓаат и Шведска, Италија, Белгија, Луксембург, Шпанија, Франција, Канада и Швајцарија. 


Фото: WeForum

Автор: Најл Мекарти
Извор: weforum.org