Јапонците сакаат да откријат каде се наоѓа свеста во мозокот

Јапонците сакаат да откријат каде се наоѓа свеста во мозокот

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Каде се наоѓа свеста во мозокот е едно од најголемите прашања во науката. Иако допрва треба да дојдат до прецизен одговор, истражувачите од Универзитетот во Токио ги лоцирале подмрежите во мозокот кои го поддржуваат свесното искуство, а истражувањето го објавија во списанието „Серебрал кортекс“.

Кога гледаме или доживуваме нешто, нашиот мозок ги обработува информациите. Но, само примањето такви сигнали не е доволно за свеста. Потребни се и повратни информации. Истражувачите претпоставуваат дека овие двонасочни врски се суштинска карактеристика на деловите од мозокот одговорни за свеста.

1
Фото: Jun Kitazono

Се чини дека делот од мозочната мрежа што ги поддржува мозочните региони на свесност треба да биде двонасочно поврзан бидејќи и двата процеса се неопходни за свесно искуство.

За да се обидат да ги лоцираат деловите од мозокот каде што се наоѓа свеста, научниците го истражувале пописот на свеста во невронските мрежи на мозокот.

Компјутерски техники


Истражувачите користеле компјутерски техники за да ја тестираат својата идеја со помош на детална мапа на сите врски во мозокот. Прво, тие развиле ефикасен алгоритам за извлекување делови од мозокот со силни двонасочни врски, а потоа го примениле овој алгоритам на конектор на глувци.

- Откривме дека извлечените комплекси со највисока двонасочна врска не се рамномерно распоредени меѓу сите главни региони, туку се концентрирани во кортикалните и таламичните региони. Од друга страна, регионите во малиот мозок имаат многу помала двонасочност - објаснуваат истражувачите.

Церебралниот кортекс, кој се наоѓа на површината на мозокот, содржи сензорни, моторни и асоцијативни области за кои се смета дека се од суштинско значење за искуството на свеста.

За таламусот, кој се наоѓа во средината на мозокот, исто така се смета дека е поврзан со свеста, а интеракцијата помеѓу таламусот и кортикалните региони, таканаречената таламокортикална јамка, се смета за особено важна.

Статични и динамични врски

Каде точно се наоѓа свеста, јапонските истражувачи сè уште немаат откриено. Нивното истражување се фокусирало само на „статички“ анатомски врски помеѓу невроните или мозочните региони. Сепак, тие велат дека свеста е „динамична“ и се менува од момент во момент, во зависност од активноста на невроните. За да се идентификува местото на свеста во кој било момент, ќе мора да се истражува динамиката на невронската активност.

Истражувачите сега ги анализираат мозочните мрежи врз основа на активноста во различни типови нервни записи. Нивната крајна цел е да најдат математичка врска помеѓу свеста и мозокот.

Извор: Bug.hr
Фото: Freepik