Иницијативи што се двигатели на студентскиот живот – вредна приказна од ФИКТ при УКЛО

Иницијативи што се двигатели на студентскиот живот – вредна приказна од ФИКТ при УКЛО

Новата генерација студенти на УКЛО го започна свој пат. Со нови перспективи и нови пријателства. Академскиот почеток неизбежно е поврзан и со студентски живот што се случува и создава надвор од предавалните и амфитеатрите.

Еден таков пријатен амбиент - ново Студентско катче се изроди од идеите и вредните раце на студентите од Факултетот за информатички и комуникациски технологиии– Битола. Затоа е понесекојдневно и вредно за пофалба, бидејќи Студентското катче на ФИКТ е создадено од студентите, тие сами го осмислуваа и дизајнираа просторот – да биде пријатно место за дружење, за бруцошите и сите колеги, еден вид средиште за подобар и побогат социјален живот.
Oва вредно студентско учество, има своја интересна приказна: со насмевка и ентузијазам, на сред лето, на температура над 35 степени, во градот под Пелистер, студентите на ФИКТ- Битола се вклучија во иницијатива да го облагородат ентериерот во холот од Факултетот, да покажат со пример дека секој нов студент е добредојден, што од име на учесниците го потврдува Валентин Стојановски, од неодамна дипломираниот студент, воедно и претседател на ФСС.

1

Продеканката за настава на ФИКТ, проф. д-р Мимоза Богданоска Јовановска од име на вработените на ФИКТ, го истакнува задоволството што на Факултетот студентскиот живот се создава заеднички. Студентското катче е реализирано како проект во соработка со Општина Битола, со цел да се создаде простор наменет за студентите – место за одмор, дружење, размена на идеи и кратка пауза меѓу академските обврски. Иницијативата потекна од Општина Битола, а нејзината реализација е пример како институциите, заедно со невладиниот сектор во случајот со Младинскиот културен центар - Битола, можат да соработуваат и преку една волонтерска акција да создадат нешто корисно за студентската заедница. Проектот е реализиран во духот на циркуларната економија, давајќи нова функција на постојните материјали и создавајќи од нив пријатен и функционален простор во рамките на факултетот. - Сакавме да создадеме место каде што студентите ќе можат да ги поминуваат моментите на пауза, да се одморат, да се концентрираат, да се дружат и да разменуваат идеи – токму тука, во рамките на Факултетот, блиску до нивните предавални и професори.“

uklo

Златко Талевски, извршен директор на МКЦ посочува дека волонтерството е пример дека и со малку средства може да се направи многу – кога постојат иницијатива, партнерство и заедничка желба да се создаде нешто корисно. Целта беше да се создаде ново студентско катче, но вредноста на акцијата е многу поголема од самиот простор. Ваквите иницијативи покажуваат дека партнерството меѓу институциите, младите и граѓанскиот сектор може да создава конкретни и видливи промени во заедницата.

Студентското катче е мал, но важен пример дека студентскиот живот не се одвива само во предавалните. Тој се создава и во простори во кои студентите се среќаваат и заедно придонесуваат кон својата академска заедница. Ваквата атмосфера на поврзување, размена и активно учество е во духот и на вредностите кои ФИКТ и УКЛО ги негуваат низ секојдневното универзитетско искуство и дополнително ги развиваат како дел од Европската универзитетска алијанса КОЛОРС 

(Комерцијална објава)