Мудри мисли на Индијанците: Сакај ја својата земја. Не ја наследуваш од родителите, ја позајмуваш од твоите деца

Мудри мисли на Индијанците: Сакај ја својата земја. Не ја наследуваш од родителите, ја позајмуваш од твоите деца

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Индијанците по грешка го добиле името. Имено, европските морепловци верувале дека трансалтантските земји што ги откриле всушност се од Индија. Станува збор за народ кој живеел во целосна хармонија со природата и затоа им изгледале назадни на „цивилизираните“ Европејци.

Колку биле напредни и подобри од останатиот дел од светот, сведочат и нивните мудрости што ја одразуваат интеракцијата на човекот и природата. Нивните мисли истовремено биле едноставни и длабоки:

- Добрата личност ги гледа добрите знаци.

- На секоја личност ѝ се потребни тивки денови за да се слушне себеси.

- Оној што молчи знае двапати повеќе од говорникот.

- Единственото нешто што мора е да се умре.

- Куќата е таму каде што се чувствувате добро.

- Во секоја личност се борат добриот и лошиот волк. Волкот што личноста го храни победува.

- Сè на светот има своја песна.

- Детето е гостин во вашиот дом: нахранете го, научете го и пуштете го.

- Знаењето е скриено во сè. Некогаш цел свет бил библиотека.

- Кога ќе се исече последното дрво, кога ќе за затруе последната река, кога ќе се фати последната птица - тогаш ќе сфатите дека парите не можат да се јадат.

- Сакај ја својата земја. Не ја наследуваш од родителите, ја позајмуваш од твоите деца.