За важноста на самопрегледот на дојка, „Инженерски прстен“ за Марко Ѓорѓиоски, награда за најдобро истражување во Словенија за проф. д-р Ристе Ичев...

За важноста на самопрегледот на дојка, „Инженерски прстен“ за Марко Ѓорѓиоски, награда за најдобро истражување во Словенија за проф. д-р Ристе Ичев...

За превенција од рак на дојка, треба да ги научиме девојчињата уште од најрана возраст добро да го запознаат своето тело и да прават самопреглед

Самопрегледот на дојките се препорачува еднаш месечно, по можност неколку дена по завршувањето на менструалниот циклус. Редовноста е клучна бидејќи само така може навреме да се забележат евентуални промени, вели Маја Стојановиќ-Чрчева, специјалист радиолог

Марко Ѓорѓиоски од Градежниот факултет е добитник на „Инженерски прстен“: „Најголем предизвик ми е проектирање и изведба на мостови“

Меѓу многуте истражувачки проекти во кои бил вклучен како студент е и формирањето национална база на сите мостови на државни патишта, за чија потреба визуелно прегледале 1.300 мостови. Марко Ѓорѓиоски ги заврши додипломските и постдипломските студии на Градежниот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за пет години, постигнувајќи краен успех од 9,95

Проф. д-р Ристе Ичев од Економскиот факултет во Љубљана доби награда за најдобро истражување: „Словенечкиот систем е строг и ориентиран кон вистинско знаење“

Професор д-р Аљоша Валентинчич и проф. д-р Ристе Ичев од Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана ја добија наградата „Одлични во науката 2025“, доделена од Државната агенција за научни истражувања и иновации на Република Словенија (ARIS).