Во Виена претставена автоматизирана машина за миење велосипеди

Во Виена претставена автоматизирана машина за миење велосипеди

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Виенскиот универзитет за технологија „ФХ Техникум Виен“ соработува со производител на машини за миење скии „Винтерстајгер спорт“ и стартап-компанијата ЈУХУУ за иновативен пилот-проект во Виена. Станува збор за прво јавно автоматизирано место за миење велосипеди.


Фото: FH Technikum Wien


Таа е јавно достапна и претставува важен придонес за еколошкото и автоматското одржување на велосипедите. Во неа може да се мијат и електрични велосипеди, но засега не е приспособена за детски или товарни велосипеди.

Машината може да се користи бесплатно во текот на пробниот период, кој ќе трае до 22 декември. Регистрацијата и користењето се одвиваат преку апликација.


Извор: Pametni gradovi
Насловна фотографија: Wintersteiger Sport