Пијалак од поранешна Југославија се прави од 12 лековити билки и го смирува стомакот: секоја куќа го имаше во витрината

Пијалак од поранешна Југославија се прави од 12 лековити билки и го смирува стомакот: секоја куќа го имаше во витрината

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Некои шишиња не се забораваат. Не затоа што стоеле на врвот на витрината покрај кристалните чаши, туку затоа што носеле приказна. Едно од тие шишиња се викаше „стомаклија“. Пијалак кој некогаш беше неизоставен придружник на семејните слави, празничните вечери и новогодишните собири во поранешна Југославија.

Во ерата кога неизоставен дел од празничната трпеза беа „кокта“, „еуроркем“ наполитанките од „Краш“, „стомаклија“ беше официјален придружник на прославите и кафеанските дружења. Создаден во 70-тите години, неговата репутација брзо ги надмина границите на обичен пијалак.

Затоа што „стомаклија“ не беше само ракија, туку беше ритуал. Пијалак за кој се веруваше дека го смирува стомакот, го поттикнува варењето и не предизвикува мамурлак.

Ракија со диплома од билна аптека

Со 35 до 45 отсто алкохол и внимателно одбрана мешавина од 12 лековити билки, „стомаклија“ беше нешто како народна билка. Пелин, нане, жалфија и други ароматични билки ѝ даваа специфичен препознатлив горчлив вкус. Како и да е, сите знаеја дека овој пијалак е присутен во сечиј дом особено за празници. 

Со децении присутна насекаде, „стомаклија“ постепено исчезна од пазарот. Слатките ликери и овошните вотки го презедоа тронот, а последното шише беше произведено во 2012 година, кога фирмата „Прокупац“ беше на раб на згаснување. Комплексното производство и сезонските суровини повеќе не беа „исплатливи“.

Сепак, носталгијата е тврдоглава. Од 2023 година „Прокупац“ повторно е активен, а „стомаклија“, на радост на верните обожаватели, е вратена во продажба. Дали има ист вкус? Можеби. Но мирисот на тоа шише, звукот при отворањето и она прво пецкање во грлото и понатаму будат спомени на новогодишните празници, куќните слави и некои други времиња.

Извор: Citymagazine.danas.rs
Фото: Instagram