Недостигот на сон кај тинејџерите може да доведе до мултиплекс склероза

Недостигот на сон кај тинејџерите може да доведе до мултиплекс склероза

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Велат дека спиењето е половина здравје. Меѓутоа, многумина го земаат здраво за готово, особено тинејџерите. Истражувачи од Универзитетот во Стокхолм спровеле истражување за навиките на спиење на тинејџерите и нивното влијание врз здравјето.

Мултиплекс склероза е болест на централниот нервен систем кој погодува милиони луѓе низ светот. Точната причина за болеста не се знае, но некои фактори играат улога во појавувањето на болеста, како генетиката, недостигот на витамин Д, дебелината и пушењето.

Научниците во Стокхолм потврдиле дека улога игра и недостигот на сон. Било заклучено дека тинејџерите што спијат помалку од седум часа подоцна во животот имаат поголем ризик да развијат мултиплекс склероза. Недоволното спиење го зголемува ризикот за оваа болест за 40-50 отсто, според истражувањето.

Истражувањето почнало да се спроведува во 2004 година и вклучувало 2.075 пациенти со мултиплекс склероза и 3.164 волонтери без дијагноза.

Извор: Studentski
Насловна фотографија: Freepik