Сателитски фотографии покажуваат колку помалку снег има на скијачките центри низ Европа годинава

Сателитски фотографии покажуваат колку помалку снег има на скијачките центри низ Европа годинава

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Оваа година скијачките центри низ светот се соочуваат со многу проблеми поради недостигот на снег. Метеоролозите велат дека 2022 година била една од најтоплите досега.

Британскиот медиум „Гардијан“ направи фотографска споредба на снежната покривка на некои скијачки центри во Европа годинава со ситуацијата изминатата година. Споредбата е направена со сателитски фотографии од скијачките центри.

Споредбата покажува дека дури и во регионот, некои скијачки центри останале речиси без снег оваа година, иако биле во бело минатата зима. Планината Бјелашница во Босна и Херцеговина речиси немала снег на 25 декември минатата година, кога била направена сателитската фотографија.


Фото: Бјелашница во декември 2022/The guardian

Се прави и фотографска споредба на снежната покривка во Банско, Бугарија, на 8 јануари годинава и 24 декември 2021 година. Се забележува огромна разлика во количеството снег.


Фото: Банско во јануари 2023/The guardian

Фотографските споредби погледнете ги овде.

Извор и насловна фотографија: The guardian