Дали сте заинтересирани за студии на Универзитетот во Љубљана? Објавени се роковите за упис на факултетите и академиите!
Пријавувањето за упис на прва година на додипломски и интегрирани магистерски студиски програми за кандидатите од Северна Македонија ќе се одржи од 18 февруари до 18 март 2025!
Универзитетот во Љубљана е најголем и најстар универзитет во Словенија кој се вбројува меѓу 3. проценти најдобри во светот. Оваа учебна година на него студираат речиси 40 илјади студенти. Во последните неколку години многу од странските студенти се од Северна Македонија. Оваа учебна година на Универзитетот во Љубљана студираат 723 студенти, од кои 375 на додипломски студии и на униформни магистерски студиски програми, 307 на магистерски студии и 41 на докторски студии, а она што е најзначајно е тоа што студентите од Северна Македонија можат да студираат
под еднакви услови како и словенечките студенти.
Словенија склучи меѓудржавен договор со Северна Македонија врз основа на кој студентите од Северна Македонија се ослободени од плаќање на школарината за додипломските и интегралните студии, освен во случај кога тие претходно се стекнале со еквивалентен степен на образование. Школарината е задолжителна и за сите вонредни студенти и докторски студенти, при што постои можност за
кофинансирање на докторските студии.
Фото: UL-IFP
КОНКУРС ЗА УПИС 2025/26 – рокот за пријавување за додипломски и интегрирани магистерски студии е до 18 март 2025 година!
Сите информации за распишаните места може да се најдат на
Повикот за упис.
Пријавите за прва година на додипломски и на униформни магистерски студии кандидатите од Северна Македонија ги доставуваат електронски на
веб-порталот eVŠ до 18 март 2025 година. Ве повикуваме да ги погледнете
видеопрезентациите за пријавувањето и доставувањето на соодветната документација.
Кандидатите кои сѐ уште не завршиле средно образование ќе достават документи за признавање на средното образование до 1 август 2025 година, а оние што веќе го завршиле, до 18 март 2025 година.
Роковите за пријавување на
магистерски и на
докторски студиски програми се разликуваат и тие се објавени во Повикот за упис. Предлагаме да го проверите рокот за упис за посакуваната студиска програма. Исто така, ве покануваме на учествувате на
инфо-деновите за магистерски и докторски студии и да ги поставите сите ваши прашања.
Може да се пријавите и за
онлајн консултации за постапката за упис на додипломски студии. Напоменуваме дека уписот при Универзитетот во Љубљана не налага користење услуги од агенти и агенции за упис.
Фото: UL-STA
Воедно ве повикуваме и да ни се придружите
на 19 и 20 февруари 2025 година од 13 часот на
онлајн презентацијата во која ќе учествуваат и нашите факултети, па ќе можете директно да му поставите прашање на претставникот на факултетот за кој сте заинтересирани.
Исто така,
на 5 март 2025 година во 14 часот ќе организираме и
сесија на прашања и одговори, а во рамките на истиот настан ќе ви бидеме на располагање за сите ваши прашања.
Оние што веќе интензивно се подготвуваат да дојдат да учат, треба да знаат дека е многу важно да се добијат информации од „прва рака“ за тоа како изгледа да се биде меѓународен студент на Универзитетот од Љубљана! Меѓународните студенти амбасадори се овде и за да ви помогнат во случај на евентуални двоумења, одговараат на сите ваши прашања во врска со студиите и со живеењето во Словенија, а, меѓу другото, се меѓу вашите први постојки на патот кон Словенија и Универзитетот во Љубљана, па токму затоа многу нѐ радува што можеме да се поврземе со вас и заедно со нив преку разговор со меѓународните студенти (Chat with international students).
Овде ви стојат на располагање 12 меѓународни студенти од различни држави и различни факултети.
Знаеме дека ова е навистина важно за идните студенти и се гордееме што можеме да ви ја претставиме новата серија на видеа „
Со меѓународни студенти за...“ која има цел да го претстави студирањето во Словенија и на Универзитетот од Љубљана. Во оваа серија нашите меѓународни студенти-амбасадори ќе одговараат на разни прашања вклучувајќи ги: зошто се одлучиле да студираат на Универзитетот од Љубљана, како е да се студира овде, дали наишле на некакви предизвици, кои се предностите на студирањето и уште многу други прашања што може да ги интересираат тековните и идните студенти на Универзитетот од Љубљана, како и оние што размислуваат еден ден да се запишат на факултет или на академија при нашиот Универзитет.
Фото: Jacob Riglin, I feel Slovenia
Доколку ви е потребен совет или помош, не двоумете се да ни се обратите. Ќе се обидеме да ви ги дадеме сите информации и одговори на сите ваши прашања. Сите информации за студиите може да се најдат на
веб-страницата на Универзитетот во Љубљана. Среќно!
(Комерцијална објава)