За овој филм на „Нетфликс“ гледачите велат дека е најтажниот што го гледале

За овој филм на „Нетфликс“ гледачите велат дека е најтажниот што го гледале

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Претплатниците на „Нетфликс“ никогаш не плачеле толку многу како додека го гледале овој филм.

Имено, од замбискиот режисер Кени Мумба доаѓа филмот „Можеш ли да не видиш?“, а е напишан од Ендрју и Лоренс Томпсон, додека Томпсон е и продуцент на проектот. Ова е првиот филм од Замбија објавен на „Нетфликс“.

„Можеш ли да не видиш?“ е приказна која го следи младото момче Џон Чити од Замбија, кој поминал низ страшни искушенија откако се родил со албинизам и бил отфрлен од неговиот татко при раѓањето.

Портретиран од Табо Каамба како дете и Џорџ Сиказве како млад човек, тој се движи низ детството полно со малтретирање, трагедии и надеж. Вистинскиот Чити е популарен замбиски пејач со албинизам и тој наводно служел како „дополнителен писател“ на сценариото. Во интервју од 2020 година Чити ги споделил сопствените искуства.

- Кога се родив, моето семејство беше збунето. Не можеа да поверуваат дека им припаѓам и тоа доведе до развод на моите родители - рекол тој.

Во 2008 година Чити ја основал Фондацијата за албинизам на Замбија.

- Порано се обвинував себеси што сум личност со албинизам. Пораснав со ниска самодоверба затоа што мислев дека не сум доволно човек. Но, не сме ние тие што треба да се промениме, туку општеството треба да го промени својот став кон нас - истакнал тој.

Иако филмот е објавен пред неколку години, многу претплатници штотуку го гледале и сега е жешка тема на разговор на социјалните мрежи.


- Подгответе ги марамчињата - предупредуваат гледачите.

Извор: unilad.com

Фото: YouTube screenshot