Стивен Спилберг стана член на ексклузивниот ЕГОТ клуб - што значи тоа?

Стивен Спилберг стана член на ексклузивниот ЕГОТ клуб - што значи тоа?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Стивен Спилберг стана член на еден од најексклузивните клубови во светот на забавната индустрија - ЕГОТ, статус што им се доделува на уметници кои ги освоиле наградите „Еми“, „Греми“, „Оскар“ и „Тони“.

Режисерот го постигна овој престижен статус со освојување на „Греми“ за најдобар музички филм за документарецот „Музика од Џон Вилијамс“, посветен на неговиот долгогодишен соработник и легендарен композитор на филмска музика Џон Вилијамс.

Документарец за едно славно партнерство


Филмот „Музика од Џон Вилијамс, достапен на „Дизни+“, ја следи кариерата на композиторот и неговата повеќедецениска соработка со Спилберг, почнувајќи од филмот „Шугарленд експрес“, па сè до класиците „Ајкула“, „Шиндлеровата листа“ и „Спасувањето на војникот Рајан“.

Пред оваа награда „Греми“, Спилберг веќе има освоено два „Оскари“ за режија („Шиндлеровата листа“, „Спасувањето на војникот Рајан“), а повеќе пати бил номиниран и за најдобар филм како продуцент. Има освоено и „Еми“ за анимирани и мини-серии, а на Бродвеј стигна до награда „Тони“ како продуцент на мјузиклот „Необичен круг“.

Што е ЕГОТ?

ЕГОТ клубот претставува една од најретките и најпрестижни почести во забавната индустрија. Досега само 20 уметници ги освоиле сите четири награди во натпреварувачки категории. Меѓу нив се актери, композитори и продуценти како Одри Хепберн, Џон Леџенд, Џенифер Хадсон и Елтон Џон.

- Ова признание има длабоко значење бидејќи го потврдува она што го знам повеќе од 50 години: влијанието на Џон Вилијамс врз културата и музиката не може да се измери. Горд сум што бев дел од овој проект - изјави Спилберг.

Извор: BIZlife.rs
Фото: Screenshot/YouTube