Светските патници препорачуваат да ги посетите овие 10 места во 2026 година

Светските патници препорачуваат да ги посетите овие 10 места во 2026 година

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Рецензиите на познатата онлајн платформа за патувања „Трипадвајзор“ се од голема помош при планирањето нова дестинација за посета. Нивните рецензии се основа за наградата „Најдобро од најдобрите“ според патниците, која „Трипадвајзор“ им ја доделува на најдобрите дестинации, хотели, ресторани и атракции.

Кога станува збор за дестинации за посета во 2026 година, наградата „Најдобро од најдобрите“ му припадна на Бали. Оваа рајска дестинација со бескрајни плажи и фин бел песок, корални гребени, богата флора и фауна е совршен избор за љубителите на активен одмор.

Познатиот онлајн портал за патувања, исто така, советува да се посети главниот град на Обединетото Кралство оваа година. Лондон нуди можност да се истражат различни светови „во едно“ - од панк духот на Камден до елегантниот Портобело роуд. Тука ниту еден ден нема да биде ист.

Дубаи не ја губи популарноста - градот на суперлативите ги комбинира модерната култура и богатата историја, авантурата, врвниот шопинг и забавата на неверојатен начин.

Во 10. најдобро оценети дестинации се наоѓаат и 4 земји од европскиот континент (Велика Британија, Франција, Италија, Грција) и четири од Азија, имено Индонезија, Обединетите Арапски Емирати, Виетнам и Тајланд. Единствени исклучоци се Маракеш на седмото место и Њујорк на 10. место.

Кои се најдобро оценетите дестинации на „Трипадвајзор“ и кои се препорачуваат за посета во 2026 година, проверете на следнава листа:

-Бали, Индонезија
-Лондон, Обединето Кралство
-Дубаи, Обединети Арапски Емирати
-Ханој, Виетнам
-Париз, Франција
-Рим, Италија
-Маракеш, Мароко
-Бангкок, Тајланд
-Крит, Грција

-Њујорк, САД.

Извор: punkufer.dnevnik.hr

Фото: Freepik