Секојдневни активности кои ќе ве направат попаметни
Подготвил:
Тамара Мисирлиевски
Секако дека преку ноќ не можете да станете исклучително паметни. Но, постојат некои ситници кои можете да започнете да ги правите секој ден за да започнете да станувате попаметна личност. Прочитајте ја листата и фрлете се на работа.
1. Секој ден смислувајте 10 идеи - Размислувајте за тоа како би можела да се намали сиромаштијата, како да се решат вашите секојдневни проблеми, интересна идеја за филм итн. Идеите се неограничени, важно е само да го натерате мозокот да работи со полна пареа.
2. Читајте весници - Информирајте се за важните случувања во светот. Ќе научите како да формирате мислење и да поврзете на изглед неповрзани работи.
3. Бидете „адвокат на ѓаволот“ - Што значи ова? Ова значи дека треба да земете некој нов податок за кој самите треба да формирате став за него, кој веројатно нема на сите луѓе веднаш да им падне на памет.
4. Прочитајте едно поглавје од книга - Целта нека ви биде да читате една книга неделно.
5. Наместо турски серии, гледајте документарци и образовни видео снимки - Гледајте TED говори или предавања и учете нови работи кои ве интересираат и за кои ништо не знаете.
6. Споделете го вашето знаење со други луѓе - Ако пронајдете друштво кое ќе ви одговара за разговор и за дебатирање и анализирање на вашите нови идеи, можете да стекнете нова перспектива како и да го збогатите вашето меѓусебно знаење.
7. Запишувајте што сте научиле - Можете да пишувате блог или да користите апликации за да водите сметка за сето тоа што сте го научиле.
8. Стимулирајте го мозокот- Би било одлично секој ден да се занимавате со физичка активност, затоа што научно е докажано дека физичката активност го стимулира мозокот.
9. Слушајте онлајн предавања - Неверојатно е тоа што толку бесплатни и одлични предавања можат да се пронајдат токму на интернет.
10. Разговарајте со интересна личност - Дури и да не ја познавате личноста, немојте да се срамите да и` пријдете и да разговарате со неа.
11. Дружете се со луѓе кои се попаметни од вас - На тој начин ќе дознаете нови мислења и ставови кои ќе ви помогнат да го надградите вашето знаење.
12. Барајте одговори на вашите прашања - Ако видите или слушнете нешто интересно, немојте да ја пропуштите можноста да побарате повеќе информации на таа тема.
13. Секој ден учете нов збор - Зголемете го вашиот речник и обидете се да научите нов странски јазик.
14. Направете нешто застрашувачко - Ако излезете од вашата „удобна зона“, ќе одите напред, ќе ги запознаете вашите граници и ќе ги поместите; со текот на времето ќе бидете се` повеќе отворени за нови работи и знаење.
15. Истражувајте нови области - Можеби не можете секој ден да патувате, но можете да пронајдете нешто непознато во вашиот град. Запознајте нови луѓе и дознајте досега непознати факти.
16. Играјте „паметни игри“ - Постојат игри, како на пример правење зборови, кои ве тераат да размислувате и кои се одлична вежба за вашиот мозок.
17. Најдете продуктивно хоби - Без разлика дали станува збор за плетење или гледање филмови, одлично би било кога ќе пронајдете некое хоби и целосно ќе му се посветите.
18. Искористете го вашето знаење - Нема смисла се` да задржите во себе. Покажете што знаете и што можете.