Исчезна најголемиот водопад во Еквадор

Исчезна најголемиот водопад во Еквадор

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Водопадот Сан Рафаел бил туристичка атракција во земјата, а според НАСА, тој привлекувал илјадници посетители секоја година. Водата паѓала 45 метри во отвор кој потсетувал на кратер.

Сега, три потоци го замениле водопадот, а експертите не се сигурни што ја предизвикало промената. Се претпоставува дека се појавил процеп во карпата кој го сменил текот на реката што води до водопадот, но не се знае причината за појавувањето на процепот.


Фото: NASA

Додека одредени луѓе сметаат дека станува збор за природен феномен, други мислат дека тоа е последица на изградбата на хидроцентралата на реката во близина. Според НАСА, министерството за туризам на Еквадор не планира да работи на враќање на водопадот.

Автор: Лорен М. Џонсон
Извор: Си-ен-ен