„Титаник“ повторно „исплови“ - 950 дронови создадоа глетка што не се заборава
Речиси 1.000 дронови беа искористени за да се рекреира силуетата на „Титаник“ - бродот изграден во Белфаст. Светлосниот спектакл беше изведен во понеделникот, но синоќа беше прикажан на Би-би-си, во исто време и на истиот датум кога „Титаник“ исплови од Белфаст во 1912 година.
Светлосната инсталација е инспирирана од четириделната документарна серија „Титаник тоне вечерва“ на Би-би-си („Titanic Sinks Tonight“), која е снимена и продуцирана во Северна Ирска во продукција на независната компанија „Стелифај Медија“ од Белфаст.
Серијата, емитувана во декември 2025 година, стана најгледаниот историски документарец на Би-би-си во сезоната 2025/2026, со повеќе од два милиона гледачи во Обединетото Кралство.
- Многу сме горди што го вративме „Титаник“ во Белфаст преку оваа извонредна телевизиска серија - изјави Сајмон Јанг, водител на историската програма на Би-би-си.
Извор:
tporatl
Фото: скриншот