Како би изгледале центрите во градовите кога би добиле „герила зеленило“?

Како би изгледале центрите во градовите кога би добиле „герила зеленило“?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Тимот од компанијата ВАТГ ревидира некои од најпознатите урбанистички центри во поголемите градови, во она што оваа глобална компанија за дизајн го опишува како „герила зеленило“.

1
Лондон

2
Лондон

Преку низа ГИФ-ови, улиците во Лондон, Њујорк и Хонолулу се трансформираат во бујни градини, исполнети со дрвја, ново уредување и густа вегетација околу постојната архитектура.

2

ВАТГ го претвори долгогодишното истражување во кратки анимации, кои визуализираат практични и одржливи приспособувања на просторот што ќе го подобрат квалитетот на воздухот. ќе го промовираат сообраќајот на велосипеди и пешачењето и ќе ги претворат традиционалните локации од бетон и тули во еколошки поразновидни места.

5
Хонолулу


Извор: Thisiscolossal.com
Фото: WATG