Математичка задача ги буни сите на интернет. Можете ли да ја решите?

Математичка задача ги буни сите на интернет. Можете ли да ја решите?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Учиме математика од најрана возраст, но многумина од нас сепак имаат тешкотии со неа од разни причини. Тоа го покажува и една објава на „Твитер“ што го преплави интернетот. Станува збор за математичка задача која изгледа едноставна, но не е толку лесна судејќи по различните одговори на корисниците на „Твитер“. Задача гласи: 6 : 2(1+2). Во описот корисникот што ја објавил задачата напишал дека решението на задачата е 7.



Друг корисник на социјалната мрежа добил различно решение следејќи ги основните математички правила според кои предност имаат заградите, па множењето и делењето, па потоа собирањето и одземањето. Според ова решение, прво треба да се реши делот во заградата (1+2), па потоа ова решение се множи со 2, што се наоѓа пред заградата, а на крајот се прави поделбата.



Други корисници се обиделе да ја решат задачата со тоа што го решаваат делот во заградите, а потоа го делат 6 со два и на крајот ги множат добиените бројки и добиваат 9.



Една корисничка објаснила зошто се добиваат различни одговори, а тоа има врска со начинот на кој е напишана задачата. Доколку задачата е напишана така што 6 треба да се подели со 2(1+2), решението е 1. Меѓутоа, доколку е напишано така што резултатот од 6:2 да се помножи со (1+2), се добива 9.



Што мислите вие? Кое е решението?

Автор: Кортни Брогл
Извор: newsweek.com