Оглас за вработување во ЕКСПАНДА! Работно место: Кавадарци, Крушево и Прилеп

Оглас за вработување во ЕКСПАНДА! Работно место: Кавадарци, Крушево и Прилеп

Оглас за вработување:
Доколку сакате да работите во компанија со традиција и присуство на македонскиот пазар повеќе од 25 години, да работите во динамична работна средина, имате желба за работа во дистрибутивниот сектор и сте комункативна личност тогаш ова е работата за вас!

Место: Кавадарци, Крушево, Прилеп
Позиција: Merchandiser- промотер во малопродажба.

Опис на работно место:

• Промоција и грижа за производите на Експанда во малопродажните места(продавници, маркети,тобако и големи клиенти) со кои соработува компанијата
• Редовно одржување на рекламни материјали, поставување на цени и привремен маркетинг материјал, редење на артикли и одржување на хигиента ка рекламниот материјал
• Работни обврски на реонот со кои е задолжен од страна на супервизорот
• Посетува продажни местa согласно однапред планирана рута зададена од страна на супервизорот за продажба за реонот за кој е задолжен
• Ефективно управување и извршување на распоредот на трејд програмите во неговиот реон
• Има обврска да составува и доставува извештаи за теренската работа во однос на податоци за перформансата на зададените активности од страна на претпоставениот
• Почитување на процедурите на работа
• Редовно одржување и одговорност за возилото и опрематасо кои е задолжен

Потребни квалификации:

• Образование: минимум ССС
• Познавање на Англиски јазик
• Познавање на работа со компјутери
• Возачка дозвола Б категорија

Лични карактеристики:

• Иницијатива, комуникативност, упорност, одговорност
• Проактивен и професионален пристап во работата
• Чесност
• Тимски работник

Ние нудиме:

Работно време од 08.00 до 16.00 часот од понеделник до петок.
Вработување на определено време од 1 месец со можност за продолжување.
Можност за напредок и кариерна патека во рамки на компанијата.
Можност за надградување на професионалноста врз основа на програмата за тренинг, обука и доквалификација на вработените во компанијата.

Сите заинтересирани можат да испратат:

Кратка биографија и мотивационо писмо на е- маил: rosica.sekulovska@expanda.com.mk или на адреса: ул. 1550 бр.26 Визбегово, Скопје Рок за избор 90 дена од денот на објавување на огласот. По извршена селекција само одбраните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Ве молиме без телефонски јавувања.