Како ќе се организираат концерти, што ви треба за да влезете во библиотека и музеј? Владата ги објави новите протоколи

Како ќе се организираат концерти, што ви треба за да влезете во библиотека и музеј? Владата ги објави новите протоколи

Владата ги објави протоколите за работа на музеи, галерии и изложбени простори, протоколот за спроведување мерки за заштита од Ковид-19 при организација на настани, промоции, рентал-компании, видео и аудиопродукции и техничка поддршка на овие настани. Објавени се и протоколот за работа на танцовите и балетските клубови, протоколот за вршење меѓуградски превоз, како и препораки и упатства за спречување на ширење на Ковид-19 при влез на македонски и странски државјани во земјава.

Денеска е објавен и протоколот за организирање спортски настани со упатства за стриктно почитување на препораките што се однесуваат на запазување на здравствената безбедност на играчите и другите вклучени во натпреварите, кои се организираат без присуство на публика.

Настаните да се организираат и одржуваат на отворено, да се организираат со 50% од капацитетот на местото каде што ќе се одржува настанот, задолжително е носењето на лична заштита на лицето на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, задолжително одржување физичко растојание од 2 метра на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, во затворените простори да се овозможи седење преку едно седиште, се само дел од мерките во протоколот за организација на настани.

Маска ќе ви треба и за да влезете во музеј, библиотека, галерија... Ограничување на бројот на посетители согласно квадратурата на просторот, на 15 посетители на 100 м² нето-површина, растојание и дистанца пред билетарниците, се дел од новите мерки.

Сите протоколи на Владата може да ги најдете ТУКА