Научниците од Големиот хадронски судирач во ЦЕРН открија нова честичка

Научниците од Големиот хадронски судирач во ЦЕРН открија нова честичка

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Физичарите од Големиот хадронски судирач во Европската организација за нуклеарно истражување, позната како ЦЕРН, штотуку открија нов вид субатомска честичка која е различна од сите што ни се познати досега.

Честичката, која уште нема име, е првата откриена честичка што во себе содржи еден ист вид кварк, што е основна градбена единка во субатомските честички. Според истражувањето објавено неделава, честичката е составена од четири кваркови од видот волшебен (charm) кварк. Ваквата содржина може да им помогне на физичарите подобро да ги истражуваат скриените сили кои ги држат честичките заедно.

Волшебниот кварк е еден од шесте вида кваркови, покрај горниот, долниот, чудниот, врвниот и длабинскиот кварк. Тој е еден од најтешките кваркови и најчесто е составен од основна сила која ги спојува протоните и неутроните.


Фото: CERN

Истражувачите се надеваат дека необичната комбинација ќе им помогне да објаснат како функционира оваа сила. Истражувачот Џовани Пасалева објаснува дека честичките што се составени од четири кваркови веќе се необични, а оваа што сега била откриена е првата што е составена од четири тешки кваркови од истиот вид, поточно од два волшебни кваркови и два волшебни антикваркови.

Во следниот чекор од анализата научниците се надеваат дека ќе потврдат дека станува збор за честичка со четири кваркови или ќе покажат дека станува збор за спој од два пара кваркови кои се сврзани како атоми во молекул. Двата заклучоци би биле вредни откритија.

Автор: Ден Робитски
Извор: futurism.com