Нови 165 заразени со коронавирус, Скопје со најмногу активни случаи - 1.983

Нови 165 заразени со коронавирус, Скопје со најмногу активни случаи - 1.983

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-71, Куманово-15, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-5, Тетово-20, Струга-3, Велес-1, Битола-3, Охрид-10, Гостивар-14, Пробиштип-4, Македонски Брод-1, Кичево-2, Ресен-5.

Министерството за здравство информира дека се починати 7 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, еден пациент од Струга, еден од Кочани и еден пациент од Неготино.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починат е пациент (55г). Во ГОБ „8 Септември“ починати се двајца пациенти (68 г.) и (63 г.).

Во болницата во Кавадарци почина пациент од Неготино (56 г.), во болницата во Кочани пациент (56 г.). Во Куманово се починати двајца пациенти на возраст 71 г. и 79 г.


Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 128 оздравени пациенти од: Скопје-97, Штип-11, Тетово-3, Велес-2, Битола-2, Струмица-1, Ресен-11, Неготино-1.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.787, бројката на оздравени пациенти е 2.876, на починати е 328, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.583. Од вчерашните тестирања три се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

- Скопје 3.280, активни 1.983
- Куманово 784, активни 232
- Дебар 103, активни 51
- Штип 365, активни 160
- Прилеп 274, активни 48
- Тетово 743, активни 406
- Струга 245, активни 147
- Велес 189, активни 40
- Битола 57, активни 21
- Охрид 190, активни 161
- Кавадарци 21, активни 15
- Гостивар 143, активни 84
- Гевгелија 12, активни 5 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
- Струмица 16, активни 9
- Крива Паланка 15, активни 9
- Радовиш 4, активни 0
- Крушево 7, активни 4
- Кочани 73, активни 20
- Пробиштип 24, активни 15
- Демир Хисар 2, активни 1
- Македонски Брод 6, активни 4
- Пехчево 6, активни 3
- Берово 3, активни 1
- Валандово 6, активни 2
- Виница 3, активни 0
- Делчево 1, активни 0
- Кратово 4, активни 1
- Свети Николе 34, активни 30
- Кичево 40, активни 34
- Ресен 116, активни 91
- Неготино 21, активни 6 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Досега во земјата се направени вкупно 64.837 тестирања за Ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

- Чаир – 424
- Аеродром - 154
- Бутел - 163
- Гази Баба - 193
- Центар – 143
- Карпош – 167
- Сарај – 148
- Кисела Вода – 121
- Ѓорче Петров – 113
- Студеничани – 113
- Шуто Оризари – 90
- Арачиново – 54
- Илинден – 32
- Петровец – 16
- Чучер Сандево – 19
- Сопиште – 14
- Зелениково-6
- Странец – 2
- Нераспределен- 11