Три четвртини од милијардерите во светот живеат во овие земји

Три четвртини од милијардерите во светот живеат во овие земји

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Дури 76% од сите милијардери во светот живеат во само 15 земји. Овие милијардери поседуваат 80% од вкупното богатство во светот, покажува најновиот извештај на „Велт-Екс“.

Според извештајот, сите земји освен Обединетите Арапски Емирати забележале пораст на бројот на милијардери и на вкупното богатство на милијардеритe. САД доминираат со 788 милијардери кои заедно имаат над 3 билиони долари.

Вкупното богатство на милијардерите во целиот свет во 2019 изнесувало 7,6 билиони долари. Во продолжение следуваат 15. земји со најмногу милијардери.


Фото: САД/Pixabay

1. САД - 788 милијардери со вкупно богатство од 3,4 билиони долари

2. Кина - 342 милијардери со вкупно богатство од 1,1 билион долари

3. Германија - 153 милијадери со вкупно богатство од 477 милијарди долари

4. Русија - 114 милијардери со вкупно богатство од 390 милијарди долари

5. Швајцарија - 100 милијардери со вкупно богатство од 274 милијарди долари

6. Велика Британија - 100 милијардери со вкупно богатство од 217 милијарди долари

7. Хонгконг - 96 милијардери со вкупно богатство од 280 милијарди долари


Фото: Хонгконг/Pixabay

8. Индија - 87 милијардери со вкупно богатство од 314 милијарди долари

9. Саудиска Арабија - 62 милијардери со вкупно богатство од 152 милијарди долари

10. Франција - 60 милијардери со вкупно богатство од 219 милијарди долари

11. Италија - 53 милијардери со вкупно богатство од 157 милијарди долари

12. Бразил - 50 милијардери со вкупно богатство од 162 милијарди долари


Фото: Обединети Арапски Емирати/Pixabay

13. Обединети Арапски Емирати - 47 милијардери со вкупно богатство од 163 милијарди долари

14. Канада - 46 милијардери со вкупно богатство од 96 милијарди долари

15. Сингапур - 45 милијардери со вкупно богатство од 87 милијарди долари.

Автор: Хилари Хофовер
Извор: businessinsider.com