Пријателите кои веднаш се поврзуваат имаат нешто заедничко - миризбата

Пријателите кои веднаш се поврзуваат имаат нешто заедничко - миризбата

Подготвил: Билјана Арсовска

Дали некогаш сте сретнале странец и сте имале чувство како веднаш да сте се поврзале? Па, тоа чувство на хемија со некого, всушност, може да е вистинска хемија.

Во една израелска студија биле вклучени 20 пара платонски пријатели кои истакнале дека „кликнале“ кога се сретнале.

Користејќи електронски нос (и волонтери кои херојски се согласиле да душкаат маици носени една вечер), истражувачите заклучиле дека паровите пријатели мирисале послично отколку случајно спарените странци.

Многу друго цицачи се душкаат за да одлучат дали сакаат да си играат, да нападнат или да бегаат од друго животно.

-Кај луѓето улогата на олфакцијата е деградирана делумно поради социјални табуа, што кулминира со ставот дека олфакцијата не е важна за дружељубивоста на луѓето - стои во трудот.

Но, невронаучниците прашуваат: Што ако странците почнат да будат интерес кај нас на прво намирисување, наместо на прв поглед? По неколку експерименти за отфрлање на алтернативните објаснувања, тие заклучиле дека навистина има хемија во социјалната хемија.

Во главниот експеримент од 20 пара пријатели било побарано да се капат со сапун без мирис, да избегнуваат храна како кари и лук и да спијат одделно од партнерите. Им било кажано да носат памучни маици најмалку 6 часа и потоа да ја стават маицата во пластична кеса. Потоа маиците биле замрзнати и одмрзнати еден час пред експериментот.

Примероците од телесните миризби биле поминати ни направа наречена „PEN3 eNose“, која содржи единица за вадење примероци на гас и сензорна стрелка. Едноставна техника која споредува пет различни сензорни одговори биле употребена за да се утврдат сличностите меѓу миризбите.

Во друг тест 25 „душкачи“ биле ангажирани за да споредат миризби користејќи направа за душкање - стаклена тегла во која била ставена маицата, а која била поврзана со маска за да се осигура дека нема да се помешаат други миризби.

Испитаниците мирисале два примерока одеднаш - еден од некој кој припаѓал на случаен човек, додека друг од пријател со кој се поврзале.

Во експериментот волонтерите и електронскиот нос детектирале повеќе сличности меѓу пријателите отколку меѓу странците.

Но, не сите експерименти дале толку чисти резултати. Имено, кога 24 волонтери споредиле три примерока - два од пријатели и еден од странец - тие не успеале да ги идентификуваат пријателите толку лесно како оние кои правеле споредба меѓу два примерока.

-Мисиме дека оваа задача можеби е претешка - вели Инбал Равреби, кој е водечки автор на трудот.

Од волонтерите било побарано и да оценат 40 телесни миризби на пријатели со: пријатност, интензитет, сексуална привлечност, компетенција и топлина на личноста. Кога истражувачите ги искомбинирале сите пет извори, паровите кои се поврзале биле оценети како послични од случајните парови.

Но, истражувачите не запреле тука. Тимот сакал да тестира дали може да ги искористи сличностите на миризбите кај целосни странци за да предвиди дали би се поврзале на првата средба. За да го направат тоа, тие повикале волонтери кои никогаш претходно не се сретнале и ги натерале да играат игра на огледало, во која учесниците се обидуваат да ги копираат движењата на рацете околу две минути без да зборуваат.

Истражувачите така направиле 66 парови. Една третина од нив рекле дека „кликнале“ со нивниот партнер. Откако примероците од нивните миризби биле поминати низ електронскиот нос, паровите кои се поврзале биле значително послични хемиски отколку паровите што не кликнале.

-Мислам дека ова може да е најсилниот резултат бидејќи покажува дека можеме да го предвидиме поврзувањето со точност од 71 отсто - вели Раверби.

Претходни студии покажаа дека мирисањето странец го активира центарот за страв во мозокот, додека мирисањето пријател не го прави тоа.

Извор: Science Alert
Насловна фотографија: Usplash