Најголемиот хит во 2026 година: „Ќе те најдам“ е најгледаната серија на „Нетфликс“

Најголемиот хит во 2026 година: „Ќе те најдам“ е најгледаната серија на „Нетфликс“

Мајсторот на напнатоста, Харлан Кобен, повторно докажа дека никој не ја држи публиката во неизвесност како него. Неговата најнова адаптација на „Нетфликс“, трилерот „Ќе те најдам“ (англ.I Will Find You), за само четири дена собра 24 милиони прегледи, со што стана најуспешната премиера на таа платформа во 2026 година.

Оваа мрачна мини-серија без проблем се најде на самиот врв на топ-листата на гледаност на „Нетфликс“ во неделата од 15 до 21 јуни. Со проверен рецепт полн со пресврти и тајни, публиката уште еднаш ја изгледа приказната во еден здив, потврдувајќи дека рецептот на Харлан Кобен е исплатлив за најголемиот светски стриминг-сервис.

Главната улога во серијата ја толкува Сем Вортингтон, кој го глуми Дејвид Бароуз, татко осуден на доживотен затвор за убиство на сопствениот син пред пет години. Иако Бароуз од првиот ден тврди дека е невин, неговиот свет целосно се превртува наопаку кога Рејчел, која ја глуми Брит Ловер, му носи докази дека момчето е сè уште живо. Тој шокантен момент го принудува на опасен потег: бегство од затвор и влегување во густа мрежа од лаги за да ја открие вистината за своето семејство.

Овој хит-трилер е дел од огромниот креативен договор меѓу Кобен и „Нетфликс“, во чии рамки моментално се наоѓаат дури 13 екранизации на неговите романи.

 

Извор: Tportal.hr
Фото: Screenshot/YouTube