Сѐ почнало со една книга: Како Доли Партон стигна до 330 милиони подарени детски книги

Сѐ почнало со една книга: Како Доли Партон стигна до 330 милиони подарени детски книги

Во 1995 година, познатата пејачка Доли Партон ја започна иницијативата „Имаџинејшн лајбрари“ (англ. „Imagination Library“) во својот роден округ Севиер во Тенеси. Мотивот бил длабоко личен - нејзиниот татко, Роберт Ли Партон, никогаш не научил да чита и пишува, па таа сакала на децата од својот крај да им овозможи пристап до книги од најрана возраст.

Програмата им овозможува на децата од раѓање до нивниот петти роденден секој месец да добиваат по една бесплатно избрана книга директно на нивната домашна адреса. Доколку детето е зачленето од раѓање, до петтата година може да собере колекција од дури 60 книги. Главната цел не е само подарувањето, туку и создавањето семеен ритуал на заедничко читање и градење навики за учење уште пред тргнувањето во училиште.

Глобален раст и модел на функционирање

Иако започна како локален проект, програмата набрзо се прошири. Денес „Имаџинејшн лајбрари“ дејствува во сите 50 американски сојузни држави, како и во Канада, Велика Британија, Австралија и Република Ирска.

Моделот се заснова на партнерство: фондацијата на Доли Партон го води организацискиот дел и изборот на насловите, додека локалните партнери (заедници, компании и организации) ги обезбедуваат средствата за дистрибуција.

Програмата постигна огромни размери:

Во текот на 2025 година беа испратени повеќе од 40 милиони книги (просечно по една книга на секои 0,78 секунди).

Во 2026 година, вкупниот број на доделени книги од почетокот на проектот надмина 330 милиони.

Меѓународните истражувања покажуваат дека децата вклучени во овој проект покажуваат значително поголем интерес за книгите и подобри показатели во раниот развој на писменоста во споредба со нивните врсници.

Бројки што најдобро ја опишуваат „Имаџинејшн лајбрари“

1995 година - Годината кога Доли Партон го стартуваше проектот во Тенеси;

0 долари - Трошок за семејствата каде што е достапна програмата;

60 книги - Максимален број книги што едно дете може да ги добие до петтата година;

50 сојузни држави - Опфатеност на програмата низ САД;

40,3 милиони книги - Број на дистрибуирани книги само во текот на 2025 година;

330+ милиони книги - Вкупен број подарени книги ширум светот од почетокот на иницијативата;

Извор: 6yka.com
Фото: Instagram