Неверојатни фотографии од вселената

Неверојатни фотографии од вселената

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Ви пренесуваме избор од најубавите фотографии направени во вселената во текот на изминатава недела, објавени од најголемите вселенски агенции во светот.

Ѕвездени патеки

1
Фото: NASA


На оваа фотографија направена од тимот на Меѓународната вселенска станица гледаме траги од ѕвездите што минуваат на небото над Земјата. Станува збор за фотографија составена од над 400 други фотографии снимени во 11-минутен период од Кристина Коч, астронаут на НАСА.

Селфито на „Бепи Коломбо“

2
Фото: ЕЅА


Вселенското летало „Бепи Коломбо“ во текот на првата година во вселената успеало да направи 500 слики со помош на три камери во различни насоки. 200 од тие 500 слики се селфиња слични на ова. „Бепи Коломбо“ е првата европска мисија на Меркур.

Maтеријали од стакло на Месечината

3
Фото: CNSA/CLEP


Кинескиот ровер „Јуту 2“ ја направил оваа фотографија од материјали од стакло на работ на мал кратер. Фотографијата прикажува материјал што до денес не сме го сретнале на површината на нашиот природен сателит.

И „Кјуриосити“ сака да прави селфи

4
Фото: NASA


Роверот „Кјуриосити“ на НАСА, кој на Марс престојува веќе седум години, направи ново селфи. На сликата се гледа панорама што всушност е комбинација од 57 слики направени со помош на камера „Марс Ханд Ленс Имаџер“ на крајот од роботската рака. Оваа импресивна фотографија е направена на 11 октомври за време на истражувањето на подрачјето „Глен Ативе“ во кратерот Гејл, каде што роверот неодамна направил две дупки видливи на левата страна од сликата.

Сите чуда на астрофотографијата

5
Фото: Miguel Claro


На оваа слика гледаме човек кој стои пред Млечниот Пат и светлиот Јупитер за време на работилница по астрофотографија во Кампинхоу, Португалија.