Драмскиот спектакл „Модиљани“ вечерва на МОТ

Драмскиот спектакл „Модиљани“ вечерва на МОТ

Најавена како драмски спектакл, театарската претстава „Модиљани“ во режија на Сибел Абдиу ќе се одигра вечерва во МКЦ, во 20 часот, во рамките на 46. издание на Млад отворен театар (МОТ).

 „Модиљани“ е претстава што ги прикажува двата аспекти од животот на фамозниот талентиран сликар Амадео Модиљани: беспрекорната љубов со Џан и смртното ривалство со Пикасо, стои во описот на претставата. 

На вечерашната програма на МОТ од 22 часот е и „Срам“ од авторот Ангела Стојановска, која за своето дело вели: „Ова е моето простување со срамот од моето тело, од храната, од живеењето во оваа земја. Од срамот што сум го негувала долго време, кој понекогаш не е лично мој и доаѓа од постапките на другите. Ова е моето прифаќање, заблагодарување и раскрстување со срамот.“

фото: МОТ