Нов празничен филм со Еди Марфи е совршен за периодов

Нов празничен филм со Еди Марфи е совршен за периодов

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Празниците се пред нас, а многумина веќе ги украсија домовите. Студеното време е совршено за гледање празничен филм.

Нов филм со легендарниот Еди Марфи наскоро треба да излезе на платформата „Прајм видео“. Станува збор за филмот „Патеката на шеќерните бастунчиња“ (Cancy cane lane).

Во филмот, Марфи го глуми Крис, кој е опседнат со натпреварувањето во најдобро украсување на домот. За да се осигури дека ќе победи на натпреварот, грижливиот татко несвесно склучува договор со лукавиот виленик Пепер, кој сака да ја поседува душата на Крис. Таткото наскоро сфаќа дека виленикот правел слични зделки во минатото и ги претвора своите жртви во божиќни фигури.

Филмот е интересна трка со времето, во која Крис и неговото семејство мора да го запрат Пепер за да ги спасат своите пријатели и заедницата.

Филмот се прикажува на платформата од 1 декември.


Извор: Idesh
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)