„Томато“ -  апликација која ќе им биде корисна на сите што сакаат подобро да управуваат со своето време

„Томато“ - апликација која ќе им биде корисна на сите што сакаат подобро да управуваат со своето време

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

„Томато“ е апликација која ќе им биде корисна на сите што сакаат подобро да управуваат со своето време и полесно да останат фокусирани користејќи ја сега веќе добро познатата техника „помодоро“. Се издвојува со својот многу едноставен и интуитивен дизајн, минималистички пристап и фактот дека е апликација со отворен код.

Апликацијата ви овозможува да дефинирате стандардни интервали од 25 минути за работа и кратки и долги паузи, а она што е особено практично е фактот дека секој може лесно да ги приспособи параметрите за себе (одредено ниво на флексибилност е нагласено и преку приспособувањето на интерфејсот). 

Се нудат само основни контроли за стартување, паузирање и ресетирање на бројачот, а покрај визуелниот приказ за тоа колку време е преостанато, постои и поддршка за известувања, кои ќе предупредат кога е време да се направи пауза или да се продолжи со она што се правело. Покрај тоа, постои статистички преглед на минатите циклуси, кој всушност може да ја следи личната продуктивност во одреден временски период.

Апликацијата е целосно бесплатна за користење, но оваа верзија е донекаде ограничена во своите функции. За среќа, изданието „Томато+“, кое ви ги дава сите функции, а исто така го поддржува и понатамошниот развој на апликацијата, чини 2,99 евра. Сепак, оние што бараат солиден тајмер за техниката „помодоро“ ќе го добијат со основната верзија. Достапна на „Гугл плеј“ и „Ф-дроид“.

Извор: bug.hr

Фото: Google play screenshot