Жителите на ова француско село почнаа акција за споделување еден автомобил

Жителите на ова француско село почнаа акција за споделување еден автомобил

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Во француското село Понт-де-Баре, кое има околу 100 жители и се наоѓа на југоистокот на Франција, околу 30 мештани започнале иницијатива за споделување еден автомобил.

Покрај економската заштеда, оваа иницијатива има и значаен еколошки ефект.

Мештаните истакнуваат дека споделувањето на автомобилот ги зајакнало општествените врски во селото. Користењето едно возило бара договор, комуникација и меѓусебна доверба, а воедно го враќа и чувството на заедништво меѓу жителите.

Тие плаќаат 25 центи по изминат километар, а средствата се наменети исклучиво за гориво, одржување и поправка на автомобилот. Клучевите од возилото се чуваат во селското кафуле, кое воедно служи и како неформално место за средба и дружење.

Оваа иницијатива се наведува и како еден од начините за справување со проблемот на високата стапка на сопственост на автомобили во Франција, особено во руралните средини.

Извор: Klix.ba
Фото: YouTube/Screenshot