Вонредна состојба во Сибир, температури до минус 52 степена

Вонредна состојба во Сибир, температури до минус 52 степена

Во Сибир температурите достигнаа до минус 50 Целзиусови степени, поради што во некои области е воведена вонредна состојба.

Учениците во голем број училишта се на принуден распуст.

Поради временските услови, има проблеми и во воздушниот и во патниот сообраќај.

Според соопштението од неколку аеродроми, летовите доцнат и до седум часа, а во северен Сибир воздушниот сообраќај е целосно затворен.

Во Новосибирск, каде што температурата изнесува од минус 32 до минус 35 степени, дневно се откажуваат десетици автобуски линии.

И во источниот дел на Сибир се очекуваат екстремно ниски температури.

Хидрометеоролошкиот завод во Транс-Бајкалската област, каде што се предвидува температура до минус 52 степена, издаде предупредување за бура.

Извор: МИА