Сакате да работите во Норвешка? Еве како да аплицирате за бесплатно номадско патување
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Замислете да работите од тивка, удобна кабина опкружена со природни убавини, без хаос на бирото и непотребен стрес. Норвешката компанија „Опера“ го нуди токму тоа – шестдневен престој на преубави локации во Норвешка, каде што ќе можете да тестирате што значи вистинско „хиге“ на работното место.
Што е „хиге“ и како изгледа едно вакво биро?
Во Данска и Норвешка „хиге“ означува чувство на топлина, удобност и задоволство од малите нешта. Компанијата „Опера“ го пренесува овој концепт во работниот простор со специјално дизајнирани „хиге“ бироа, опремени со природни материјали, пријатно осветлување и спектакуларен поглед што поттикнува фокус и мир.
- Сакаме да им покажеме на луѓето како изгледа вистински „хиге“ работен амбиент - простор што ја зголемува продуктивноста, без непотребен стрес - вели Јан Стандал, потпретседател на „Опера“.
„Опера“ ќе избере 10 среќни добитници кои ќе добијат целосно покриен престој во Норвешка, со платени авионски билети и превоз.
Како да аплицирате?
Сите кандидати можат да аплицираат на специфични датуми.
Од 18 до 23 март хиге-тестер ќе биде поканет во Лисефјорд, прекрасна локација источно од Ставангер. Посетителите ќе можат да уживаат и во капење во водопади, пешачење и екскурзии со брод.
Од 25 до 30 март хиге-бирото се отвора во Лофотен, каде што посетителите ќе уживаат во живописните фјордови, традиционалните рибарски села, а постои шанса да ја видат поларната светлина. Во истиот период хиге-бирото во Норефџел ќе ги пречекува посетителите во мирното опкружување и скијачките центри.
Последната можност е од 1 до 6 април, кога хиге-бирото на Бодо и Алесунд ќе бидат отворени за работа.
Посетете ја страницата на „Опера“ и кажете зошто баш вие имате потреба од „хиге“ биро. Бидете креативни – пратете слика од хаотичното биро или напишете кратка поема за вашиот работен ден!
Апликациите се отворени до крајот на февруари, а победниците ќе бидат објавени на 5 март.
Можеби една недела хиге-биро нема да ти го промени животот, но дефинитивно е одличен почеток!
Извор:
Euronews.com
Фото: Opera