Германец со клуч изгребал повеќе од 100 возила и предизвикал штета од 300.000 евра
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
36-годишен маж во Нердлинген, Германија, со клуч изгребал 106 автомобили и на тој начин предизвикал штета од речиси 300.000 евра.
Тој е условно осуден на две години затвор поради оштетување имот. Казната е условна, а периодот на следење е 4 години. Освен тоа, мажот мора да одработи 180 часа општокорисна работа.
Во текот на 2024 и 2025 година тој на различни улици во Нердлинген ги изгребал паркираните автомобили, користејќи го клучот од влезната врата на својот стан.
Обвинетиот ги признал делата, но не ја кажал причината поради која ги изгребал автомобилите. Според вештачењето, осудениот не е психички болен, ниту зависен од дроги.
За да го фати, полицијата поставила камери. На една снимка обвинетиот бил виден одназад, облечен само во маица без ракави, што ѝ овозможило на полицијата да ја препознае неговата тетоважа. Потоа била извршена контрола на облеката на обвинетиот и биле пронајдени честички од лак од два оштетени автомобили.
Сепак, немало цврсти докази дека обвинетиот е одговорен за гребењето на сите 106 автомобили. Поради тоа, признанието на човекот било земено како олеснителна околност.
Извор:
021.rs
Фото: Freepik