Куба би можела да го вакцинира целото население со своја вакцина до крајот на годината

Куба би можела да го вакцинира целото население со своја вакцина до крајот на годината

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Многу земји купуваат вакцини против коронавирусот произведени од светските економии, но Куба работи на сопствена вакцина. Овој месец ќе почне третата и последна фаза од тестирањето на две потенцијални вакцини против коронавирусот во Куба. Доколку бидат успешни, овие вакцини ќе бидат првите против коронавирусот создадени во Латинска Америка.

Дагмар Гарсија Ровера, научник од Куба, открива за Си-ен-ен дека доколку последните тестирања на потенцијалните вакцини се успешни, до крајот на годината би можеле да се вакцинираат сите 11 милиони жители на државата.

Иако тестирањето на вакцините не е готово, фармацевтските компании веќе произвеле над 300.000 дози од едната вакцина. Тие би можеле да произведуваат по еден милион дози месечно од вакцината.

Патрик Опман, дописник за Си-ен-ен од Куба, известува дека државата би можела да им ја нуди вакцината на туристите за да ја заживее економијата.


Ова не е првпат како Куба произведува сопствени вакцини, а санкциите од САД ја принудиле земјата да стане биомедицински пионер, според тамошните научници.

Кога станува збор за вакцината против коронавирусот, научниците работат на повеќе можни вакцини во случај некоја да не биде успешна. Доколку повеќе вакцини се покажат како успешни, тоа би ѝ помогнало на земјата побрзо да го спречи ширењето на коронавирусот.

Извор: cnn.com
Фото: Pixabay