Студент од Индија му пркоси на сообраќајниот метеж за да стигне на испит

Студент од Индија му пркоси на сообраќајниот метеж за да стигне на испит

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Самарат Махангади, студент од Индија, тргнал на неочекувано патување за да стигне на испит.

Тој го згрешил датумот на испитот и кога го сфатил тоа, почнал да паничи.

Во помош му дошол параглајдерист, кој за само неколку минути го спуштил од ридот до местото каде што се одржувал испитот.



Извор: BBC
Фото: Screenshot/YouTube