Највредните 50 компании во светот во 2026 година
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
„Нвидија“, со пазарна вредност од 4,8 билиони долари, е највредната компанија во светот во 2026 година.
Компанијата повторно ги надмина „Епл“ и „Алфабет“, откако рекордната продажба ја зголеми нејзината вредност, и покрај стравувањата од можен „балон“ околу вештачката интелигенција. Во меѓувреме, „Ти-ес-ем-си“ достигна пазарна капитализација од 2 билиони долари, што сега ја надминува вредноста на „Мета платформс“ и „Тесла“, позиционирајќи се на шестото место во светот.
Според податоците на „Компанисмаркеткеп“, овој графикон ги прикажува 50. највредни компании во светот во 2026 година.
Топ-50 компании во 2026 година
Како најголема јавно тргувана компанија во светот, „Нвидија“ неодамна објави рекордни квартални приходи од 68,1 милијарди долари, раст од 94 отсто на годишно ниво.
Со „Опен АИ“, „Оракл“ и „Мајкрософт“ меѓу нејзините најголеми клиенти, серија силни финансиски извештаи ја доближија вредноста на компанијата до границата од 5 билиони долари пазарна капитализација. Сепак, скептицизмот кај инвеститорите го ограничи растот на акциите поради загриженост за можно преценување.

Фото: Visual Capitalist
„Епл“, „Алфабет“ и „Мајкрософт“ се со вредност од околу 3 билиони долари или повеќе.
„Сауди Армако“, една од само двете компании во топ-10 што не се од САД, се наоѓа на седмото место со вредност од 1,7 билиони долари. Пониските цени на нафтата влијаеја врз нејзините перформанси, при што акциите се околу 30 отсто под нивниот врв од 2022 година.
Во меѓувреме, „Бродком“ е рангирана на 9. место со речиси 1,6 билиони долари.
Денес, „Бродком“ сè повеќе се позиционира како конкурент на „Нвидија“, заедно со компании како „Гугл“ и „Еј-ми-ди“, додека големите технолошки компании се подготвуваат да потрошат 650 милијарди долари за ВИ-инфраструктура само во 2026 година.
Извор:
Visualcapitalist.com
Фото: Visual Capitalist