Бесплатна апликација дава информации за адитивите во храната - само треба да ја фотографирате декалрацијата
Вештачката интелигенција ја анализира фотографијата и дава објаснувања за сите идентификувани адитиви, како и за нивната намена во храната.
Информации за адитивите во храната можат да се најдат во научни книги, списанија и бази на податоци, но не е лесно да пристапите до нив кога стоите во продавница. Новата апликација
Food Additive Lens користи вештачка интелигенција за да им помогне на купувачите подобро да ги разберат состојките и адитивите во прехранбените производи.
Дизајнирана за „ајфон14“ и за понови уреди, апликацијата дава јасни и сигурни објаснувања за неколку секунди, директно во продавницата.
Апликацијата ја направија истражувачи од Универзитетот во Конектикат и таа користи ВИ-систем за анализа на декларациите. Системот за класификација е обучен на повеќе од 10.000 намирници и дава информации за повеќе од 4.000 адитиви одобрени од Американската агенција за храна и лекови.
Доволно е да се направи фотографија од декларацијата
Апликацијата може да се преземе од „Ап стор“ и доволно е да се отвори функцијата на камерата во апликацијата, да се скенира декларацијата со состојки и да се направи фотографија. Вештачката интелигенција ја анализира сликата и дава објаснувања за сите идентификувани адитиви, како и нивната намена во храната.
Апликацијата нуди и технички и регулаторни информации, не мора да ја преземате од интернет, туку можете да ѝ пристапите и од компјутер.
Фото: freepik