Проф. д-р Мишо Докмановиќ е добитник на државната награда „Гоце Делчев“

Проф. д-р Мишо Докмановиќ е добитник на државната награда „Гоце Делчев“

Проф. д-р Мишо Докмановиќ е добитник на државната награда „Гоце Делчев“ за 2022 година, која се доделува за особено значајни остварувања од интерес за Македонија во областа на науката. Докмановиќ е добитник на наградата за делото „Сами на своето – кратка историја на македонската независност (1990 – 1993)“.

Д-р Мишо Докмановиќ е редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Ги предава предметите Историја на правото и Современа македонска историја на додипломските студии и предметите Балканот и американската дипломатија, Дипломатски протокол и Историја и дипломатија на Блискиот Исток на последипломските студии. Во периодот 2007- 2013 г. го предавал и предметот Право и информатичка технологија.

Одборот за доделување на државната награда „Гоце Делчев“ ќе му ја додели наградата на Докмановиќ денеска во Собранието.