Се снимала како вози 200 км/ч, па добила најстрога казна за пречекорување на брзината во историјата на Швајцарија

Се снимала како вози 200 км/ч, па добила најстрога казна за пречекорување на брзината во историјата на Швајцарија

Швајцарија е позната по исклучително строгото казнување за пречекорување на брзината.

Помалите прекршоци завршуваат со фиксни казни, но поголемите пречекорувања или оние во отежнувачки околности повлекуваат парични казни пресметани според личниот приход на сторителот, и тоа по многу строги формули.

Само минатата година се забележани два познати случаи: во август еден возач за пречекорување од само 27 км/ч во град платил околу 92.000 евра, а во септември британски мотоциклист, поради пречекорување на брзината во тунел и нелегални претекнувања, бил казнет со дури 500.000 евра.

Во исклучителни случаи, швајцарските судови можат да изречат и затворска казна. Токму таков преседан е поставен сега, во предмет што стана најстрогата пресуда за пречекорување на брзината во историјата на земјата.

Парадоксално е тоа што жената не била фатена со радар. Полицијата во 2022 година, истражувајќи друг случај, добила пристап до нејзиниот телефон и пронашла видеа на кои таа се снимала како вози далеку над дозволената брзина, при што уредот за мерење на брзината бил јасно видлив, а датотеките содржеле локација и време на снимање.

Видеата потврдиле осум прекршоци од 2021 година. Најсериозниот бил возење до 238 км/ч на автопатот А3 ноќе, во густ сообраќај, одржувајќи брзина над 200 км/ч непрекинато 25 секунди додека се провлекувала меѓу автомобилите. И другпат возела со брзини од 211 и 205 км/ч, како и еден прекршок на тесен пат во зимски услови, кога возела речиси 90 км/ч на место каде [to ограничувањето било 40 км/ч.

На суд се правдала со лични проблеми и стрес, но не ги убедила судиите. Дополнително ги налутило тоа што додека веќе била под истрага, предизвикала сообраќајна несреќа поради пребрзо возење и удрила во метална ограда, поради што воопшто не покажала каење.

Жената е осудена на четири години затвор без условна казна, како и на 5.000 евра судски трошоци. Жалбите на повисоките судови биле одбиени, а пресудата е потврдена како правосилна.

Извор: 021.rs
Фото: Magnific